Секој денар е важен: Синдикалната кошничка „тежи“ 630 денари повеќе

Добивај вести на Viber

Сојузот на синдикати премета дека на едно четирчлено семејство за живот во јули му се потребни 65.328 денари. Според тоа, синддикалната кошничка во јули во однос на претходниот месец е поскапа за 630 денари. 

Според синдикатите, делот кој се однесува на храна и пијалоци овој месец е за 515 денари повисок од претходниот и изнесува 23.682 денари. 

- Од податоците на синдикалната минимална кошница евидентно е дека откако завршија активните владините мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница за три месеци е зголемена за 2.637,00 денари односно за 4,20 отсто, додека кај храната и пијалоците за три месеци има зголемување за 2.202,00 денари односно за 10,25проценти , се вели во соопштението на синдикатот.

Од синдикатот пресметале и дека ако четиричленото семејство треба да живее во изнајмен стан, тогаш за да го помине месецот ќе му требаат 80.703 денари.

Извор: ФАКТОР