ЕКСКЛУЗИВНО: Детали околу франшизата го проблематизираат влезот на McDonald’s во Македонија
Финишираат подготовките и наскоро најголемиот трговски центар во земјава ќе ги отвори вратите. Ист Гејт Мол ќе стартува со работа, а граѓаните кои сакаат шопинг уште по најавите со нетрпение очекуваа да влезат и да пазарат во некои од дуќаните на познатите брендови кои прв пат се отвораат овде, но и дел од нив кои веќе се присутни како „Зара“ на пример, чија продавница тука ќе биде најголема во регионот. Додека се подготвуваат и рестораните и кафулињата, а отворањето е за еден месец, нема конечна потврда дека интернационалниот гигант McDonald’s сепак ќе биде присутен во земјава.
Сигурни извори за Фактор во април потврдија дека преговрите финишираат и американскиот гигант одлучил да отвори ресторан во земјава, сепак се уште не е ставен потпис на договорот. McDonald’s не се откажале, но нема конечен договор, а клучната работа била околу франшизата.
Деталите читајте ги на Фактор тука.