ЕКСКЛУЗИВНО: Владата ќе дава картички со пари за невработени, студенти и средношколци, нови кредити за фирмите

Владата го подготвува третиот сет мерки за помош на граѓаните и на стопанството, а Фактор ексклузивно открива некои детали од предлогот. Сите мерки најверојатно ќе бидат усвоени во понеделник или во вторник. Вкупната вредност на мерките од третиот сет мерки ќе изнесува 355 милиони евра, а според пресметките помошта од сите три пакети е 600 милиони евра. Според нашите информации планирана е поддршка за невработените лица, односно 120.000 лица кои исполнуваат специфични услови ќе добијат платежни картички а за сите нив Владата ќе потроши 18 милиони евра. Во оваа група влегуваат граѓани кои се невработени и бараат работа, а месечниот приход по други основи не надминува 15.000 денари. Картичките ќе бидат брендирани и ќе можат да се користат во маркети, угостителски објекти, фризерници. Со ова Владата планира да ја стимулира домашната потрошувача.
Планирано е да се даваат и ваучери за туризам од 100 евра плус домашна картичка од 50 евра. Овие ваучери исто така ќе ги користат 120.000 луѓе и Владата ќе ја чини 18 милиони евра. Корисници ќе можат да бидат сите вработени што примаат плата под 16.000 денари.
Според информациите, во третиот пакет мерки ќе има ваучери за студенти и средношколци од 100 евра плус домашна платежна картичка од 50 евра. Ќе ги користат 100.000 студенти и средношколци а Владата ќе ја чини 12 милиони евра. Парите треба да се искористат за партиципации и за обуки.
Сите детали за мерките на Фактор.мк