Ексклузивно за ИСТ ГЕЈТ МОЛ: Кои модни брендови и познати ресторани ќе бидат лоцирани во најголемиот шопинг центар во регионот
Преку 40 нови брендови, за прв пат ќе се појават на македонскиот пазар преку своја локација Ист Гејт Мол.
Најавено е дека во новиот мол ќе ја има најголемата Зара на Балканот. Таа информација ја потврдуваат и од Скопје Ист Гејт.
„Да, можам да потврдам дека се работи за новиот формат кој е повеќе од двојно поголем од форматот со кој овој моден бренд е присутен на пазарот во Скопје. Овој формат секако ќе влијае и на понудата на добра кои ќе може потрошувачите да ги купат кај овој интернационален моден бренд. Истото важи и за сите останати брендови од групацијата на Индитекс, односно сите влегуваат со нови формати на продавници кои се приближно двојно поголеми од оние со кои се присутни денес во Скопје. Дополнително Индитекс отвора и два нови бренда со кој денес не е присутен во Скопје, нивниот моден бренд за долна облека (OYSHO) и нивниот бренд за покуќнина (ZARA HOME)“, открива Наташа Апостолов.

„Заради доверливоста на преговорите, како и фактот дека се работи за интернационални брендови кои имаат своја изградена ПР стратегија, сеуште не можеме да откриеме за кои брендови станува збор. Како и да е, како што ќе се создаваат услови за нивно објавување, нашиот ПР тим ќе пласира соодветни објави во јавноста. Во оваа прилика би ги повикал сите заинтересирани идни посетители на трговскиот центар да почнат да не следат на социјалните мрежи каде што редовно се објавуваат информации за тоа што се случува, како со изградбата на трговскиот центар, така и со миксот на закупци“, вели Игор Давков.
А новиот мол ќе има и богата гастрономска понуда.

„Гастрономскиот избор во центрите игра се поважна улога во миксот на закупци. Трендот на користење на трговските центри, како место за излегување и социјализација, станува се поважен фактор за привлекување на посетители. Уживањето во ултра модерни ресторани, со уникатно мени и потпис на врвни кулинарски шефови беше во фокус на Ист Гејт Мол, и го користевме како еден од критериумите за селекција на ресторани и синџири за прехрана. Ист Гејт Мол ќе има одлична гастро понуда и во делот на фини ресторани и во делот на брза храна од различни светски кујни“, открива Натша Апостолов.
И секако, за новиот мол се предвидени и многу други содржини. Зеленило и паркови од 12.000 м2 зелена површина ќе има околу трговскиот центар.

„Знаеме колку зеленилото е важно за пријатна атмосфера и безбедност за посетителите. Паркингот за возила е единствено можен само на паркинзите на две нивоа под приземјето“, потенцира лизинг менаџерката.
И конечно, од компанијата откриваат и дека Ист Гејт Мол ќе понуди различно искуство и забава со најголемата игротека за деца во Скопје, на приближно 2.000 м2, како и кино со 8 кино сали.
Целиот текст прочитајте го на Фактор. мк / Нина Нинеска-Фиданоска