Елеганција што не старее: Моника Белучи со моќна стилска лекција

Добивај вести на Viber

Моника Белучи го посети филмскиот фестивал во Таормина и уште еднаш покажа дека годините за неа се само бројка и тоа бројка која не значи апсолутно ништо.

Прославената актерка Моника Белучи со секое ново појавување покажува дека е единствената кралица на стилот и елеганцијата. Иако неодамна го промени имиџот, таа ја задржа титулата за најубава.

Иако има 60 години, на нејзиниот изглед би и позавиделе неколку децении помладите жени, а Моника блеска на секој чекор во внимателно одбраните модни изданија.


Овој пат таа избра црн фустан од тантела кој одлично ја следи линијата на телото и има благи набори. Моника сега беше малку попредизвикувачки отколку што сме навикнати од неа и мораме да признаеме дека тоа совршено ѝ стои.

Целото издание го комплетираше со високи црни платформи и чанта и повторно ги убеди сите дека тајната е во едноставноста, која ја негува.

Со неа, како и обично, беше нејзиниот партнер Тим Бартон, кој за оваа пригода избра класичен црн костум, но во комбинација со кошула со копчиња.



ФОТО: Инстаграм официјален профил Моника Белучи