Животна училница // Приказни
Елон Маск најави: Евтини Тесла автомобили до крајот на 2023
На презентација во живо, што ја нарече „Ден на батеријата“, Елон Маск
изјави дека неговиот нов електричен модел ќе биде значително поевтин, поради радикалното зголемување на ефикасноста на батериите
на овој автомобил. Моделот „за народот“ како што тој го нарече треба да биде готов до 2023 година.
„Нашиот сон отсекогаш бил
електричен автомобил што луѓето можат да си го дозволат“, им рече тој на 240
акционери на компанијата, чиј основач е тој.
Според него, таа батерија би чинела
25.000 долари.
Би-Би-Си објави дека е интересно
што секој од акционерите, пред кој зборувал Маск, седел во Тесла Модел 3.
Тесла е компанија која по четири
години постојан раст, денес е највредната автомобилска компанија во светот.
Фото: ALY SONG / REUTERS