Емисија 16.06.2020: Тик Так и Зорка на „Радио 2“

Одличен почеток на денот за сите ранобудници со Тик Так и Зорка на „Радио 2“. Сега нивните емисии може да ги слушате и на Женски Магазин.
Венко Филипче ги извести граѓаните на социјалните мрежи дека планираат да ги објават имињата на сите оние заразени со Ковид 19, кои одбиваат соработка. Дали конечно ќе бидат ставени на тапет неполсушѓните?
Огромен број Срби вчера бација спуштена грчка рампа на преминот Евзони. Па назад преку Бугарија да влезат во Грција, за да го искористат убавото време. Патешествието на километарската колона која разбрала, ама не доразбрала дали границата Е или НЕ Е отворена.
Решаваме мистерија за тоа која улога најнмногу и прилега на Зорка, поставувајќи најсвежа фотка од неа на социјалните мрежи. На кого личи Зорка ќе дознаеш ако го провериш инстаграм профилот.
Во отсуство на фудбал, Тик Так објаснува како функционираат дојавите!
Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути, ОВДЕ