ЕУ официјално одобри леб направен со брашно од ларви од црви

Добивај вести на Viber

Европската унија за прв пат одобри употреба на брашно од ларви од црви во прехранбени производи. Оваа дозвола се однесува на брашното добиено од ларвите на зрнестиот инсект - жолтото брашно, со образложение дека ова високопротеинско брашно во иднина (и во мали количини) ќе се користи во индустриски пекарски производи како леб и колачи, производи од сирење, тестенини и преработени производи од компир.

Ова се објаснува и со заклучокот на научниците дека наводно ваквото брашно не претставува ризик по здравјето, во спротивно не би било одобрено за употреба, соопшти Федералната канцеларија за заштита на потрошувачите и безбедност на храната во Германија. Забележано е дека дозволените количини се ограничени: лебот може да содржи најмногу четири грама брашно на 100 грама готов производ, додека за сирењето максималната количина е еден грам на 100 грама производ. Повеќе на Фактор.мк