ЕВН и Проект Среќа со хумана мисија: Волонтираме за Солидарно општество

Добивај вести на Viber

Од Проект Среќа информираат дека во проектот „Волонтираме заедно за Солидарно општество“ се вклучила и компанијата ЕВН. 

ЕВН се приклучи со донации на храна и хигиенски средства, а донациите се распределени преку неколку здруженија, пишува на својот фејсбук профил Проект Среќа.

Здружението за хумано-општествен развој Проект Среќа е здружение, кое единствено на нашите простори, е фокусирано на подобрување на квалитетот на живеење, создавање на можности и образование и едукација за децата и младите со помалку можности. Претседател и основач на здружението е пејачката Кристина Арнаудова, која пред неколку недели сподели со читателките на Женски магазин за идните проекти на здружението. 

Инаку проектот #ВолонтирамеЗаедноЗаСолидарноОпштество се одвива во претседателската канцеларија MladiHub која е целосно адаптирана во согласност со логистичките потреби. Проект Среќа е партнер во проектот. И Црвен крст на Македонија е дел од проектот.