ЕВН Македонија е добитник на наградата за филантропија „ОКО“

ЕВН Македонија е прва во категоријата „Корпоративна филантропија за големо претпријатие“ за 2019 година
ЕВН Македонија е добитник
на наградата за филантропија „ОКО“ како најдобра во категоријата „Корпоративна
филантропија за големо претпријатие за 2019 година“. Компанијата се
натпреваруваше во оваа категорија преку своите три проекти: „ЕВН Волонтира“,
„Електромобилност со ЕВН“ и „Гласни раце во ЕВН“. Следејќи ги светските
трендови, оваа компанија веќе неколку години активно гради инфраструктура на
полначи низ целата земјата преку проектот „Електромобилност со ЕВН“, а со имлементација
на проектот „Гласни раце во ЕВН“ се стреми да обезбеди највисоко ниво на услуга
за граѓаните со оштетен слух. Користејќи ги своите интереси, знаења и широк
распон на вештини, вработените во ЕВН работеа за подобрување на локалните
заедници како дел од програмата за корпоративно волонтирање „ЕВН Волонтира“
која е сè уште во тек.
Организатор на настанот е здружението „Хорус“, а годинава свеченото доделување се одвиваше во просториите на „М6 едукативен центар“ во Скопје. Цел на настанот е да се стимулира развојот на филантропијата во земјата и да се препознаат компаниите, здруженијата и фондациите, граѓаните и медиумите кои долгорочно и стратешки го помагаат и поддржуваат развојот на заедницата.
Наградите за филантропија ОКО се реализираат во рамки на проектот SIGN Up for Impact (SUfI) имплементиран од организациите-членки на SIGN – регионалната мрежа на локални фондации од Западен Балкан, а финансиран од Европската унија, Балканскиот фонд за демократија, Балканската мрежа за развој на граѓанското општество и Шведската агенција за меѓународен развој.