Актуелно // Insta вести
Љубов што не бледее: Романтичната честитка на Мери за роденденот на сопругот Агрон Буџаку

На своите социјални мрежи, Мери Николова Буџаку сподели романтична фотографија со сопругот Агрон и му посвети роденденска порака:
„Нека твојата насмевка и добра душа блескаат уште многу години. Среќен роденден.“
На фотографијата, двајцата изгледаат беспрекорно складно – со широки насмевки, стилска летна елеганција и онаа специфична топлина што само вистинската љубов ја носи со себе.
Под сенка, Мери и Агрон го „заробиле“ моментот исполнет со мир, почит и искрено уживање во животот – доказ дека љубовта може да биде сè поубава со годините.
Со ваква слика и порака – не се слави само роденден, туку и зрелата, тивка, стабилна љубов.
РЖМ/ИС
ФОТО: Фејсбук/официјален профил Мери Николова Буџаку