„За нив децата се богатство“: Македонски градоначалници со многудетни семејства

Добивај вести на Viber

Во време кога бројот на деца во семејствата во Македонија опаѓа, неколку градоначалници се издвојуваат како примери на силни семејни вредности, водејќи општини, но и големи семејства.

Максим Димитриевски – Куманово

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, е татко на три деца. Покрај обврските во управувањето со една од најголемите општини во државата, тој често истакнува дека семејството е неговата најголема поддршка и инспирација. Познат е по тоа што не пропушта можност да ги вклучи своите најблиски во општинските активности и настани.


Дарко Костовски – Бутел

Првиот човек на Општина Бутел, Дарко Костовски, исто така е горд татко на три деца. Иако работниот распоред му е исполнет со проекти за инфраструктура, безбедност и образованието во општината, Костовски вели дека времето поминато со семејството е непроценливо и го чува балансот помеѓу јавниот и приватниот живот.

РЖМ