ФИЛИПЧЕ: Благодарам на Брнабиќ, но и ние тука сосем добро можеме да го спроведеме процесот на имунизација

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство Венко Филипче денеска по донирањето на две амбулантни возила од Општина Чаир на Здравствен дом-Скопје, одговарајќи на новинарско прашање рече декатокму вчера разговарале со претставници на компанијата Фајзер во Белград. Тој нагласи дека всушност станува збор за два договорасо оваа компанија за набавка на вакцините, и за оние кои Македонија ги купи директно од Фајзер, како и за 8.000 дози скои треба да ги купиме од Србија. Работиме и на двата договори, рече министерот. Тој искористи прилика да се заблагодари на понудата премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, македонските лекари да одат таму и да се вакцинираат, посочувајќи дека процесот на имунизација можат успешно да го спроведат тука.

– Сметам дека ние тука сосем добро можеме да го спроведеме процесот на имунузација. Благодарам на поканата, ние ќе останеме тука да ги вакцинираме сите наши граѓани. Вчера разговаравме со претставниците на Фајзер во Белград и таму се работи на двата договори, прво на нашиот драфт договор за нашите 800.000 дози и за дозволата српските власти да ги дадат фајловите за да ние ги увеземе тие вакцини во нашата земја. Причината зошто процесите одат споро е бидејќи самата компанија Фајзер е под голем притисок воопшто со сите земји во светот, истакна  Филипче.

Повеќе информации за оваа тема прочитате на Фактор.мк