(ФОТО) 27 години подоцна: Џина од „Среќни луѓе“ е русокоса и ужива во животот
фото:printscreen
Сите ја паметиме познатата Џина од „Среќни луѓе“
Актерката Југослава Драшковиќ, која ја сакавме и запаметивме по улогата на убавата Џина од култната српска серија „Среќни луѓе“, вели дека е среќна и исполнета жена.
- Играм во театарот „Полжав“ 25 години, а Бранко и Цаца се моето второ семејство. Секој што ќе дојде во „Пучиќ“ со деца знае дека сум тука, а кога станува збор за пошироката публика, особено телевизијата, серијата „Игра на судбината“ ме врати во актерскиот живот. Младите актери се одлични и јас постојано им кажувам на нив да уживаат, затоа што ова најубаво време, нивното време - рече Југослава во емисијата „Кец на единаесет“ на телевизијата К1.
Таа вели дека е среќна жена, бидејќи го запознала својот сопруг уште во времето на „Среќни луѓе“, се омажила, добила ќерка и со сопругот отворила компанија која се занимава со дистрибуција и прикажување филмови.
- Среќна сум. Имам две кучиња, голем двор, Косутњак е близу мене. Додека не беше ковидот, со тимот од „Игра на судбината“, се дружевме многу- изјави Југослава Драшковиќ.
Иако ја паметиме како црнокоса, денес таа е прекрасна русокоса и зрачи со убавина.

извор:GLOSSY Како изгледа денес: Легендарната Лола од „Среќни луѓе“ открива зошто не се појавува во јавност
фото: screenshot, k1