(ФОТО) Атмосферата на грчката граница: Патниците минуваат низ овие процедури

Добивај вести на Viber

Збунетоста со грчките гранични премини трае со денови.

Откако Грција ја отвори границата со Бугарија без да бара задолжителен карантин за патниците, беа формирани големи конвои на возила на граничниот премин Кулата-Промахонас, соопшти Бугарската национална телевизија.

На тој премин во понеделникот се појави општа вознемиреност кога на српските државјани им беше забранет премин во Грција во текот на денот, а потоа дозволено, со посебна одлука на грчките власти.

БНТ објави дека се евидентираат податоците на граѓаните на кои им е дозволено да влезат во Грција, додека туристите од Србија мора да наведат на која адреса ќе останат, како и телефонски број за контакт. Исто така, се обавуваат и тестирања.
10 цариници биле на должност на девет шалтери и еден мобилен контролен пункт за патници, додека во функција биле само три грчки гранични служби, пренесува Б92.

За да се избегне застојот, патниците треба да користат други бугарски премини со Грција, се вели во извештајот на бугарската телевизија.

Галерија од ситуацијата на грчкиот граничен премин:
Извор и фото: b92.net

(ФОТО) За само 24 часа плажите во Грција драстично се сменија: Српските туристи уживаат