(ФОТО) Безвременските икони во новото време: Вака би изгледале поранешните диви со ботокс и филери
На само 16
години, Кајли Џенер ја вбризга првата инјекција во усните, со што произведе
цела генерација девојки и жени кои започнаа да ставаат филери и ботокси во
уста.
Уметникот Мет Мејтленд покажа како би изгледале стилските икони кои денес се мерило за природна убавина со ботокс и филери.
Интересот за филери денес станува популарен тренд, а пумпањето усни и затегнувањето на очните капаци стана вообичаена работа.
Современото доба донесе квази-слика за убавина, што е огледало на нашето општество опседнато со лажни слики од нашите „совршени животи“ кај истите тие лица.
Уметникот Мет Мејтланд го искористи тоа на најдобар начин. Фокусирајќи се на вистинските sвезди кои го одбележаа златното доба на Холивуд, жените кои сè уште се сметаат за икони на стил, харизма и сексапил, тој се обиде да покаже како тие ќе изгледаат со зголемени усни, според денешните стандарди за убавина.
Мерлин Монро
Резултатите се малку вознемирувачки, но и смешни илустрации. Мејтленд не сакаше да критикува, туку да го претстави на свој начин феноменот на модерното време.
Одри Хепберн
- Отсекогаш ме фасцинирале луѓе кои убавината ја водат до крајност. Еден од моите идоли, Мајкл Џексон, ја истражуваше идејата за трансформација многу рано во неговата кариера. Козметичкиот пристап до убавината претходно беше ограничен само за ѕвездите и ултрабогатите, а денес стана подостапен. Насекаде каде и да погледнете има докази за овие современи идеали за убавина. Новото нормално може да го видите низ целиот свет. Затоа, започнав да размислувам за идентитетот во нашето модерно општество. Замислував како, ако некои од најголемите sвезди во историјата беа уште живи, тие би прифаќале модерни козметички третмани и трендови - вели овој уметник.
Лиз Тејлор
Грејс Кели
Лејди Ди
Фото: Инстаграм/metmaitland