(ФОТО) Дамите секојдневно бараат совети за слабеење од неа: Пејачката откри како ја довела линијата до совршенство
фото:printscreen PINK
Поп-пејачката Зорана Павиќ успеа да го реализира својот сон и да ја донесе својата фигура до совршенство.
Таа признава дека со години не се чувствувала толку сигурна во себе - како сега, а за тоа придонела новата линија за која се борела со месеци.
-Имаше подеми и падови, дури и здравствени проблеми, но успеав да ја постигнам целта, вели таа.
Со овие зборови, пејачката го опишува макотрпниот пат до среќата.
"Најчесто жените ми пишуваат за да им дадам совет. Комбинирав неколку работи. Ригорозната варијанта за слабеење ме чинеше здравје, не јадев 12 дена, користев сирупи. Ми беше многу важно да изгледам како што сакав и успеав, но, моето здравје беше нарушено.
Тогаш го сменив мојот начин на живот. Јадев само жив лимон 20 дена, без кора. Но, воопшто не би ве советувала тоа. Забележав дека ми го убива апетитот, носев лимони постојано со себе. Сепак, не би го препорачала ова на никого, бидејќи доста го нарушив желудникот. Но, така го убив апетитот - неодамна изјави пејачката.
Имала и хормонално пореметување, но сè било во ред. „Сега сум онаа старата, ама нова", рече Зорана.
Таа сега има 25 килограми помалку и изгледа вака:

фото:PRINTSCREEN PINK/NOVO JUTRO
извор:GLOSSY