(ФОТО) Меѓу загинатите во терористичкиот напад во Германија има и дете: Конфликтни информации за бројот на загинати

Добивај вести на Viber

Десетици луѓе се повредени, а најмалку две лица, меѓу кои и едно дете, загинаа вечерва откако автомобил влета во толпа луѓе на божиќниот пазар во источниот германски град Магдебург, но по првичните извештаи за 11 загинати, бројот на жртви во инцидентот кој локалните власти го опишуваат како терористички напад.

Бројот на жртвите не е веднаш јасен, но германските медиуми - повикувајќи се на итните служби во регионот - наведуваат дека се повредени меѓу 60 и 80 лица, пишува Гардијан, повикувајќи се на извештаи од теренот.


Црното БМВ очигледно влетало право во толпата на божиќниот пазар, движејќи се во правец на Градското собрание, изјавија очевидци.

Возачот на автомобилот бил веднаш уапсен, јави германската новинска агенција ДПА, повикувајќи се на неидентификувани владини претставници во покраината Саксонија-Анхалт.


Тој бил идентификуван како државјанин на Саудиска Арабија кој го изнајмил автомобилот непосредно пред нападот, според извештаите цитирани од безбедносни извори.

Тој не им бил познат на властите како некој со исламистичко потекло, изјавиле истите извори за германските медиуми.


ФОТО:  EPA-EFE/FILIP SINGER