(ФОТО) Мистериозно исчезна: Како денес изгледа најпознатата актерка од мексиканските теленовели во 90-тите

Добивај вести на Viber

Дури и медиумите во Мексико не се сигурни каде е актерката и како живее!

Една од најпознатите актерки на мексиканските теленовели, 50-годишната Адела Нориега беше една од глумиците со најмногу главни улоги во нејзината матична земја во 90-тите, а е добро позната кај нас,од сапунскитесерии како што е „Вистинска љубов“, „Марија Изабел“ и многу други.

Таа се повлече од јавниот живот пред околу десетина години, а многу нејзини пријатели и колеги велат дека живее тотално повлечена и дека многу често дури и тие не можат да дојдат до неа.

Трагична приказна е поврзана со животот на актерката, според која поранешниот претседател на Мексико, Карлос Салинас, скоро ја принудил да биде со него, по што актерката наводно родила син, кој денес има скоро триесет години.

View this post on Instagram

A post shared by Adela Noriega (Oficial) (@adelanoriega)


- Тој беше маѓепсан од нејзината убавина во 1988 година кога ја виде во главната улога на теленовела. Веднаш го повикал продуцентот и му рекол да закаже состанок за нив. Иако одбила, Карлос се заканил дека ќе влијае на нејзината кариера. Тој и рече дека мора да ги исполни сите негови желби ако сака да се занимава со глума. Откако таа го роди неговото дете, тој се погрижи таа да „исчезне“ и и се закани никогаш повеќе да не се појавува во јавноста. Не знам со што ја уценуваше и како, но тоа му успеа - изјави пријателот на Адела со кого актерката била блиска во 90-тите години.

Без оглед на тоа како се одвивала нејзината животна драма, убавата актерка ја нема, а многумина се прашуваат како изгледа денес. Наидовме на фотографија која била објавена минатата година на нејзината страница на Фејсбук. На неа е актерка, видливо постара, но може да се каже и прилично запоставена. Фотографиите покажуваат дека таа има неколку килограми повеќе, а не може да не се забележи и видно неуредната коса.


Откако се повлече од актерството, таа речиси и не се појавува во јавноста, па дури и медиумите во Мексико шпекулираа што не е во ред со неа и како живее.


Фото: Фејсбук и Инстаграм/Adela Noirega

Можеби ќе ве интересира:

Згоден е и талентиран, се надевам дека ќе глумиме заедно: Познатата „Злобница“ воодушевена од Милош Биковиќ