(ФОТО) Најсекси политичар во светот: Францускиот министер за здравство ги излуди сите!
Францускиот министер за здравство Оливие Веран јавно се вакцинираше против коронавирусот, а неговите фотографии го обиколија светот.

Во раскопчана кошула под која не носи подкошула, впечатливиот Оливие покажа убаво дефинирана мускулатура, привлекувајќи го вниманието на понежниот пол и нè заинтересира да ја следиме тамошната политиката поодблиску.
Оливие Веран е роден на 22 април 1980 година и по професија е невролог, а ја презеде функцијата министер за здравство во 2020 година.
Тој ја изгради својата кариера како невролог во Француската универзитетска болница Гренобл-Алпи, а исто така беше претседател на Здружението на болнички асистенти во Гренобл и беше советник на Одделот за лекари во Изер. Тој влезе во Француското национално собрание за прв пат на изборите во 2012 година како член на Социјалистичката партија.
Во пресрет на претседателските избори во 2017 година, Веран го поддржа Емануел Макрон и се приклучи на партијата La République En Marche! Истата година бил реизбран во Националното собрание, претставувајќи го одделот за Изер. Тој ја презеде функцијата министер за солидарност и здравство во владата на премиерот Едуард Филип на 16 февруари 2020 година.
Оливие Веран е во врска со политичарката и партиска колешка Корали Двобост.

Нема сомнение дека Оливие е еден од најистакнатите, но и најинтересните француски политичари за жени, на чиј шарм „паѓаат“ неговите колеги.
А погледнете кои се двајцата најзгодни политичари од регионот.
+ Жените на македонските политичари: Скромни, убави и модерни