(ФОТО) Наместо церемонија во Лондон, парада во замок: Елизабета Втора официјално го прослави роденденот

Добивај вести на Viber


Таа и нејзиниот сопруг се наоѓаат во замокот од април поради пандемијата со коронавирусот

Британската кралица Елизабета Втора официјално го прослави својот 94 роденден во саботата со гледање на парада и воен бенд во Кралскиот замок на Виндзор, наместо церемонија во центарот на Лондон.
Кралицата и нејзиниот сопруг принцот Филип, со кого е во брак 72 години, во април го напуштија Лондон како мерки на претпазливост заради пандемијата на коронавирус.


Роденденската прослава беше организирана во замокот заради вирусот Ковид-19, наместо традиционалната церемонија „Trooping the Colour“, која се одржува секоја година во близина на палатата Бакингам.
Филип, во средата (10 јуни) наполни 99 години, а во саботата не учествуваше на церемонијата, која беше пренесувана во живо од Би-Би-Си.



Кралицата е родена во април 1926 година, а на престолот е од 1952 година, кога имала 25 години.


Во 2015 година, таа го надмина шестдеценискиот мандат на кралицата Викторија, која владееше од 1837 до 1901 година.
Кралицата одржува приватни церемонии на нејзиниот вистински роденден на 21 април, а потоа тој ден се слави официјално, претежно во втората сабота во јуни.

Извор: telegraf.rs

Фото: Tanjug/AP


(ФОТО) Докази дека Принцезата Шарлот е мини Кралица Елизабета II 

Фустан за одмазда: Зошто овој фустан на принцезата Дајана остана запаметен како одмазднички