Животна училница // Приказни
(ФОТО) Се разведувам колку што сум бремена: Елена Велевска проговори за сопругот

Елена Велевска со објава на својот Фејсбук профил ги демантирапше гласините дека се разведува од сопругот Маријан.
„Сѐ она кое што го читате овие денови за мене е вистина колку што јас сум трудна по четврти пат“, напиша фолк-пејачката на својот Фејсбук профил.
Велевска даде до знаење дека не се разведува со уште една објава. Со фотографија на која што е со сопругот, таа му посака среќен роденден. Пејачката минатата година изјави дека се разведува поради семејно насилство, а со сопругот решија да му дадат шанса на бракот, поради децата. Елена и Маријан се родители на ќерките Калија и Софија и на синот Марко.
„Среќен роденден љубов моја“, напиша Елена Велевска под фотографијата со сопругот