(ФОТО) Вистинска убавица: Ова е сопругата на познатиот актер Срѓан Жика Тодоровиќ

Добивај вести на Viber

Актерот Срѓан Жика Тодоровиќ од неодамна има свој профил на социјалната мрежа Инстаграм, и за само неколку дена, собра повеќе од 21 илјади следбеници.

Тој е многу активен, и објавува фотографии скоро секој ден. Но, она што привлече можеби најголемо внимание беше неговата селфи фотографија со сопругата Ана.

„Јас и Анчи. Ниш Фестивал на актерски достигнувања 2018 “, напиша актерот во описот на својата објава.

„Сопругата ви е прекрасна, прекрасен пар“, „Жената ти е преубава“, „Убава Анчи, таа не се менува“, беа само дел од коментарите што следеа под објавата.

View this post on Instagram

A post shared by Srdjan Žika Todorović (@srdjan.zika.todorovic)


Да потсетиме, Тодоровиќ и неговата сопруга Ана се запознаа на Ада Бојана, а во 2004 година го кажаа судбоносно „да“. Во мај 2014 година го добија синот Дејан, кој за жал почина ненадејно на само три години.