(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД БЕРОВО) Убавините на Македонија: Не е како Швајцарија, поубаво е

Добивај вести на Viber

Според сточарот Беро, на кој му припаѓала таканаречената Берова ливада, градот Берово го добил денешното име. Ова е првата верзија за името на еден од најубавите наши градови, сместен близу Беровското езеро. 

Според втората, на местото каде што е денес градот, луѓето се береле- се збирале во старите населби во месноста Туртела, Селца, Рибница, Раздоло, Клепало, Добри Лаки и други, а подоцна и во другите малешевски села, па оттаму Берово.

И денес, Беровчани сакаат да се збираат, да се дружат, да пречекаат.

Поради зеленилото и прекрасната природа, го нарекуваат македонската Швајцарија, но за некои стари Беровчани таа споредба не важи, Берово е уникатно само по себе. „Не е како Швајцарија, поубаво е“, искоментира еден повозрасен беровчанец на нашето прашање за споредбата.  

Се наоѓа во Малешевијата, под падините на Малешевските планини на 900 метри надморска височина, на 161 километар од Скопје. Општинскиот центар Берово и селските населби се сместени на периферијата на котлината.

Центарот е мал, вкусно среден, со мирис на старото време кој го даваат старите дуќани, и куќите кои ја задржале старата архитектура. Беровскиот музеј од 19 век е гордоста на градот. Зградите во Берово кои на прсти можат да се набројат се претставници на модерната архитектура. Обележје на центарот е Саат- кулата.

Неодпрената природа со волшебни бои и погледот на двата брега на Брегалница не се раскажува, се доживува. Чистиот воздух, мирот, чувството какако да сте на друга планета е она што ќе ви ја грее душата кога ќе се сетите на посетата на Беровското езеро.

Но, постојат и други причини да го истражите овој крај кој нуди многу сместувачки капацитети и се развива во популарен туристички центар.

Малешевијата е позната по првокласните млечни производи, а во рестораните во Берово се служи домашно сирење и тоа топло, жежено. Никаде компирот не е вкусен како овде, па уште ако го пробате со сирење и со кисело млеко, сте го направиле вистинскиот избор.

Во секоја домаќинска куќа во Бероово, секогаш мора да има компир, беровско сирење и сливова беровска ракија, вели една стара беровска изрека која за нашите денешни домаќини е закон и денес.

М.Џаровска

Фото: В.Тануровски

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД БАРГАЛА) Убавините на Македонија: Вечна инспирација за истражување

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ИЗВОРИТЕ НА ДРИМ) Убавините на Македонија: Фрли паричка за среќа

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ГАЛИЧНИК) Убавините на Македонија: Кој израснал овде, тој станал човек

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ВОДОПАДОТ ДУФ) Убавините на Македонија: Магија сокриена зад карпи

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ПОНИКВА) Убавините на Македонија: Опоен мирис на бука и галантни домаќини

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД КОЛЕШИНСКИ ВОДОПАД) Убавините на Македонија: Шумски рај меѓу папрати

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД СМОЛАРСКИ ВОДОПАД) Убавините на Македонија: Магија во која се вљубувате на прв поглед

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД КРУШЕВО) Убавините на Македонија: За кафе и за локум секогаш има време

(ФОТО ГАЛЕРИЈА ОД КУКЛИЦА) Убавините на Македонија: Куклите скаменети од неостварена љубов, станаа туристичка атракција

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД МАНАСТИРИТЕ ВЕЉУСА И ВОДОЧА) Убавините на Македонија: Богатство кое вреди да се види