Фотографиите од трудниците ги преточи во изложба: Анета Јовановска склопи две уметности во една

„Како артист кој постојано ги следи светските трендоби, решив да се обидам да нацртам трудници, до сега тоа беа приватни фото сесии кои остануваа за спомен на родителите. Кога ја направивме годишната програма на фото изложби од Фото клуб Охрид и одлучивме дека една од предвидените 4 изложби ќе ја посветиме на жената дојдов на идеа да ги склопам двете уметности во едно и јавно напишав оглас за пријавувањето на трудници кои бесплатно ќе бидат нацртани, ќе направиме фото сесија и по една фотографија ќе биде застапена на изложбата. Возбудата беше голема бидејќи имаше многу заинтересирани идни мамички . Сепак бројот беше ограничен и ги одбрав тие што први се јавија и го прифатија предизвикот. Им посакувам на свет да донесат живи и здрави дечиња“ - изјави за Женски магазин Анета Јовановска, позната охриѓанка која беше дел од 14 автори кои со 38 фотографии изминатиот викенд во Охрид се претставија на изложбата на фотографии посветени на жената по повод 8-ми Март.
Фотографиите на Анета Јовановска беа посебни, затоа што се нацртани на стомаците на трудници и преточени на фотографии.
Изложбата со тема „Фрагменти на таа што создава“ беше организирана од Фото клубот Охрид и истата е е под покровителство на Фото сојузот на Македонија, а финасиски поддржана од општина Охрид.
„Убавината на жената е секогаш во нејзината сила. Секоја борба е дел од нејзиниот карактер и секој успешен момент е празник на нејзината природа. Не е важно која е и од каде потекнува. Способноста да победува започнува од неа.
Настојуваме да ја поврзуваме убавината на жената со физичкиот изглед, но таа е многу повеќе од тоа. Убавината се и добрината, грижливоста, емпатијата, смислата за хумор. Всушност, секоја жена е убава и посебна на свој начин.
Дали поради нејзината насмевка, сјајот во нејзините очи, или разбирањето што ви го покажува. Секоја жена зрачи со убавина. Со оваа изложба сакаме да споделиме фрагменти на таа што создава, посочија авторите на изложбата.
И.С.