(ФОТО) 12.500 луѓе евакуирани: Изгоре една третина од познатиот остров Лезбос

Добивај вести на Viber

Илјадници мигранти го напуштија кампот „под блокада на Ковид-19“ откако повеќе пожари уништија поголем дел од локацијата на грчкиот остров Лезбос, соопштија властите.



Околу 12.500 луѓе живееја во и околу логорот Морија, каде минатата недела беа воведени дополнителни ограничувања откако еден жител на Сомалија беше позитивен на коронавирус.



"Огнот се прошири внатре и надвор од кампот и го уништи. Полицијата чува над 12.000 мигранти на автопатот. Тоа е многу тешка ситуација затоа што некои од оние надвор ќе стапат во контакт со оние кои се позитивни", изјави Стратос Кителис,градоначалник на главниот град на островот Лезбос, Митилена.


Според полицијата и противпожарната единица на овој грчки остров, пожарите избувнале преку ноќ. Тие не ги потврдија локалните извештаи дека пожарите биле намерно подметнати во знак на протест против мерките за заклучување, но изјавија дека пожарникарите „наишле на отпор“ од некои жители на кампот.



Здравствените власти во вторникот соопштија дека досега се потврдени 35 лица позитивни на вирусот Ковид-19.