ГАЛЕРИЈА: Осветена црквата „Св. Константин и Елена“ на улица Македонија

Добивај вести на Viber

Со ѕвонење на камбаната, утрово во 8:30 часот почна свечената церемонија за осветување на црквата „Свети Константин и Елена“, на ул. „Македонија“.

На настанот присуствуваа голем број граѓани, верници, високи владини претставници, пратеници, политички партии и дипломатскиот кор. 

Осветувањето го врши архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со архијереи од МПЦ-ОА. Голем број верници ја следат церемонијата и пред храмот, каде е поставен видео бим.

„Овој храм убавец е радост за сите сетила. Но, убавината не е цел сама по себе – таа е патоказ кон Бог. Храмот не е место за да ја покажуваме нашата слава, туку за да се осветуваме, да ги прочистуваме срцата и просветлуваме умовите“, рече г.г. Стефан.

Изградбата на цркавата почна пред 13 години, а по интензивирање на работите, за брзо време беше целосно завршена.

Извор: ФАКТОР