(ГАЛЕРИЈА) Сосема нови светови: Уметност со порака за надежта и љубовта

Марсел ван Луит е современ уметник од Холандија, кој со неговите артистични фотографии остава без здив.
„Јас ги претворам моите соништа во уметнички дела. Мојата најголема инспирација е мојата фантазија и моите деца. Сакам да ја мешам илузијата со реалноста за да создадам потполно нови светови. Светови каде што сакам да избегам кога животот станува премногу зафатен. Кога ја користите вашата фантазија, сè е можно. Обожавам да играм со темнина и светлина. Исто како и во реалниот живот, доброто и лошото можат да одат рака под рака и од темнината може да излезе светло. Мојата работа е за надеж. Тоа се лекции за живот на моите синови. Пораки за љубов и доверба. Сè е можно, само треба да верувате во тоа “ - вели артистот за неговите уметнички дела.
Тој прави неверојатен спој на речиси неспоивото, а неговите дела красат многу домови.
Во прилог погледнете ја галеријата од неговите восхитувачки изработки: