Би можела да наполнам цела книга со ветувања што мажите ми ги дале во кревет: Генијални цитати од единствената Барбра Стрејсенд

Добивај вести на Viber

Пејачката и актерка, Барбра Стрејсенд е една од најпродаваните и најплатените ѕвезди на сите времиња. A едно време, дури и нејзината мајка ја обесхрабруваше од кариера во шоу-бизнисот, верувајќи дека таа не е доволно убава. Но, тоа не ја спречи Барбра да се обиде и да успее.

„Дојдов во Холивуд, иако не го оперирав носот, не ставив нови заби и не го сменив името. Благодарна сум за тоа“, изјави таа подоцна во животот. 

И, нејзиниот талент доби светско признание. Таа освои две Греми награди со нејзиниот прв албум. Сега има повеќе од 200 различни награди, вклучително и Оскар. Таа стана една од најуспешните жени во модерниот шоубизнис.

Таа во 2016 година го зазеде третото место на листата на најбогати музичари во САД, според магазинот Форбс. Нејзиниот имот се проценува на 370 милиони долари. 

„Не се раѓајте убави и ќе успеете во животот. Испратете го целиот свет „по ѓаволите“ и сите ќе ви се восхитуваат, ќе ве копираат “ – изјави ѕвездата.

Цитати од Барбра Стрејсенд за мажите, жените и децата:

„Зошто жената десет години се обидува да ги промени навиките на својот сопруг, а потоа се жали дека тој не е мажот со кој се омажила?“

„Тешкотиите градат карактер. Со текот на времето, гневот исчезнува, а ние стекнуваме разбирање и учиме да бидеме благодарни за тоа искуство“.

„Секогаш го носам истото дома. Воопшто не ме интересира накитот и не носам панталони кои ми ја затегнуваат половината. Сакам да ми биде удобно. Има многу поважни работи од изгледот“

„Совршенството мора да содржи мала мана. Затоа што сè што е совршено е безживотно и досадно“

„Животот е премногу краток, затоа започнете го денот со десерт“ 

„Помислата за приближување до критична возраст – 40, 50, 60 години (за секој е различно) ги води луѓето до депресија. Што е важно колку години имаш? Се разбуди оваа утро - тоа е среќа! Фала му на Бога за секој проживеан ден. Ако се плашиш од роденден, зошто воопшто живееш?“

„Денес мажот се смета за џентлмен ако ја извади цигарата од уста пред да те бакне“

„Би можела да наполнам цела книга со ветувања што мажите ми ги дале во кревет.“

„Мислам дека не сме еднакви со мажите. Ние сме над нив“.

„И модните диктатори понекогаш грешат, но секогаш ќе се најдат милиони жени подготвени да им наплатат за тие грешки.“

„Не се раѓајте убави и ќе успеете. Не сакајте никого и сите ќе ве сакаат. Испратете го целиот свет „по ѓаволите“ и сите ќе ви се восхитуваат, ќе ве копираат...“

Тој е еден од ретките кои Барбра Стрејсенд ги завела со искреноста: Парот годинава слави 20 години брак

извор:stil.kurir