Докторка ѝ инјектирала кинески ботокс, нема да верувате како завршила - ВИДЕО

Добивај вести на Viber

Катарина Матрушиќ, млада жена која одлучила да го освежи својот изглед со популарниот ботокс третман, се соочи со сериозни здравствени последици – алергиска реакција и оштетување на рожницата на окото. Своето искуство го сподели во утринската програма на телевизијата Курир, каде детално раскажа како започнала едноставна процедура, а завршила со нова, неочекувана дијагноза.

„Мислев дека правам нешто вообичаено – нешто што речиси секоја жена денес го прави. Но никој не ме предупреди што може да се случи ако се инјектира ботокс со непознато потекло. Подоцна дознав дека бил кинески“, вели Катарина.

Набргу по апликацијата, нејзиното лице започнало да отекува, а очите ѝ се воспалиле. Наместо убавина, добила болка, страв и долготрајна терапија. Прегледите кај офталмолог резултирале со шокантна дијагноза – оштетување на рожницата.

Овој случај повторно ја отвора темата за нерегулираните естетски третмани, сивата зона на пазарот со ботокс препарати и опасностите кои демнат зад „брзата убавина“. Во Македонија, сè повеќе жени се охрабруваат да користат ботокс, но ретко кој се информира дали материјалот е одобрен, каде е произведен и дали апликацијата ја врши лиценцирано лице.

Стручњаците предупредуваат: ботоксот може да биде ефикасен и безбеден – но само ако се користи сертифициран производ, во стерилни услови и од страна на обучени професионалци. Кинеските алтернативи, кои често се нудат по пониска цена, не се секогаш проверени и може да предизвикаат трајни последици.

„Се надевам дека мојата приказна ќе биде предупредување за другите. Не вреди да ризикувате за неколку брчки“, порачува Катарина.

View this post on Instagram

A post shared by Kurir.rs (@kurir.rs)