„Европското Бахами се наоѓа во Македонија“: Српска новинарка напиша репортажа од патување, која ги направи горди Македонците

Иако многумина патуваа во Охрид поради спектакуларниот настап на Лени Кравиц, вистинскиот херој на ова патување се покажа самиот град.
Лени изјави дека Охрид го потсетува на Бахамите и дека таму се чувствува како дома – но тоа чувство го имаат и многумина посетители, вели српската новинарка Ирис Криџиќ во својата репоража за Охрид.
Таа додава дека иако поводот за патувањето бил концерт на Леви Кравиц, сепак на крајот сфатила дека доживувањето на Охрид како град, му го украл „шоуто“ на Лени Кравиц.
Иако патувањето започна со избор на датум што мештаните го сметаат за најлош – првата недела од август, Охрид ја потврди својата магија. Со совршен баланс помеѓу историја, природа и авантура, градот нуди доживувања за сите сетила, вели таа во својата репортажа.
Српската новинарка вели дека е фасцинирана од природата околу Охрид, но и од самите градби.
Од култниот поглед од црквата „Св. Јован Канео“ и манастирот Св. Наум, до возбудливата пловидба по Црн Дрим – едно од најчистите реки во светот – Охридската околина изненадува со природни чуда. Планинарењето на Галичица нуди панорамски глетки кон двете езера – Охридско и Преспанско.
Особено е фасцинирана од „Заливот на коските“ за кој вели дека ја асоцира на „Бахами“ поради што токму на Охрид му го додели епитетот европско Бахами.
Заливот на коските е уште една атракција, археолошки локалитет со реконструирана праисториска населба, каде тиркизната вода делува неверојатно за едно езеро.
Вели дека ѝ се допаднале и плажите.
Плажите се разновидни, но Љубаништа – во близина на Св. Наум – нуди спој од уреденост и мир. А за гурманите, Охрид нуди највкусни баклави – со pistaќ, кајмак, лешник или чоколадо – по симболични цени.
Иако тргнавме поради Лени, впечатокот е јасен: Охрид му го украде шоуто. Ова место не е само туристичка дестинација, туку вистински дом за душата, дава за крај.
Охрид не е само инспирација за новинарите кои често го истакнуваат во своите репортажи, туку и за граѓаните на Македонија кои се горди токму на Охрид.
Извор: zena.blic.rs