НАЈДЕГУТАНТНА СЦЕНА НА ПЛАЖА: Снимка од пар кој БЕЗСРАМНО СЕ ПРЕПУШТИ НА СТРАСТИТЕ пред деца ГИ ЗГРОЗИ СИТЕ

Видео што брзо се прошири на социјалните мрежи ги подели корисниците, прикажувајќи пар кој за време на летувањето на плажа јавно се препушта на страсти пред очите на бројни присутни, меѓу кои имало и деца.
Неидентификуваниот пар без срам разменувал нежности на, според многумина, непримерен и дегутантен начин.
Како што се гледа на снимката, додека парот уживал во својата интимност на јавен простор, еден маж им пришол и ги попрскал со вода со намера да ги „разлади". Тоа предизвикало бурна реакција кај парот, кој веднаш започнал расправија.
— Wild Clips (@bestwildclips) September 3, 2024
Кога изгледало дека ситуацијата ќе прерасне во физичка пресметка, се вмешал уште еден турист, со што била избегната тепачка во последен момент.
Настанот предизвика лавина коментари на мрежата Х (поранешен Твитер), каде повеќе од 7.500 корисници изразија згрозеност. „Најдете си соба!“, „Имаше и деца таму“, „Ова треба да се забрани со закон“, беа дел од реакциите. Други пак застанаа во одбрана на парот, тврдејќи дека мажот кој ги попрскал е „само љубоморен“.
Настанот повторно ја отвори дебатата за границите на јавното однесување и личната слобода на јавни места.