Голем интерес за поставување панели, проследен со многу сопки: Упатените укажуваат на опциите кои ги имаат граѓаните

Добивај вести на Viber

Поскапувњето на струјата ги здрма и граѓани кои интензивно трагаат како да постават сончеви панели на своите покриви со цел да ги намалат сметките за струја или пак целосно да се исклучат од енергетскиот систем. Изиминативе месеци надлежните институции преземаа неколку чекори во насока на подобрување на употребата на сончевата енергија во производството на електрична енергија, со цел да се зголеми домашното производство.

Сепак, и покрај промените, остануваат одредени кочници кои ги спречуваат домаќинствата поинтензивно да вложуваат во фотоволатици со кои ќе произведат електрична енергија.

-Ова лето има зголемен број барања, и од домаќинствата, и од компаниите. За жал, повеќето од барања за поставување панели се поттикнати од идејата потрошувачите да се исклучат од мрежата на ЕВН, сами да си произведуваат струја и за тоа на никого да не му плаќаат ништо. Тоа е нереална, нерационална и недостижна цел. Економски е неисплатливо да се стремиме за целосна енергетска независност во услови кога ни се достапни класичните извори на енергија за задоволување на потребите на корисникот. Но, секако, есента која пристигнува и опасноста од недостиг на струја, можните прекини во снабдувањето, опасноста од рестрикции, ја поставуваат на прво место погодноста да се има можност да се искористат алтернативни извори на енергија како дополнување на потребите на корисниците – вели Звонко Марковски, управител на компанијата „Сието“.

Марковски за „Фактор“ потенцира дека поскапувањето на струјата има уддел во во зголемено поставуање на панели за производство на струја. Според него, сега сме во фаза - почеток кој ќе не доведе до потребата да побараме нови решенија за да одговориме на секојдневни проблеми и дополнува дека промените во законските услови придонесуваат да се зголеми интересот кај домаќинствата и фирмите за поставувањето панели за производство на струја.

-Сега најисплатливо да се инвестира во систем кој ќе овозможува значителна заштеда во сметките за струја кои секој месец ни ги доставува универзалниот снабдувач. Летово започна примената на новиот тарифен модел со воведување на блок тарифи, тоа значи дека оние кои повеќе трошат, поскапо ќе ја плаќаат струја, а оние кои помалку трошат ќе плаќаат поевтина електрична енергија дури и од сегашната.  Оваа промена во тарифниот модел значи дека е краен момент и секој кој има можност треба да инсталира макар и најмал фотоволтаичен систем на својот покрив, за да ја намали сопствената потрошувачка на струја во скапата – дневна тарифа. Целта е домаќинство/фирма да премине во тарифен модел со најниска можна потрошувачка – објаснува Марковски.

Продолжува на фактор.мк