Големите ѕвезди кога поминуваа ме удираа со лакт: Милица Павловиќ за трнливиот пат на естрадата
Српската пејачка признава дека патот до успехот на музичката сцена воопшто не е лесен, но истакнува дека успеала да се избори за своето место
Пејачката Милица Павловиќ се здоби со голема популарност со својата енергија и харизма за време на натпреварувањето во „Ѕвездите на Гранд“. Таа немаше лесно детство, живееше во две земји, израсна без родители, а со неа беа секогаш нејзините баба и дедо, со кои пејачката е особено приврзана.
- Искрено, го остварив својот сон и среќна сум поради тоа. Оваа работа ме научи и ми даде голема одговорност што некако морам, до одреден степен, да променам што ќе кажам и како, бидејќи има голем број на луѓе кои го следат тоа што го работам. И години како години, јас останав со млад дух - вели Павловиќ.
Пејачката успеа да изгради кариера, но признава дека нејзиниот пат до успехот беше поплочен со трње, но успеа да надмине сè и да го изгради својот идентитет и да се избори за високо место на сцената.
- Секако дека е тешко! Прво како жена! Второ, сцената е еден голем животински свет. Имам кажано неколку пати… Големите sвезди знаеја кога поминуваат покрај мене, буквално да ме удрат со лакт - откри Павловиќ во емисијата „Премиер“.