ХЕРОЈ МАЈКА: Посвоила 48 деца, спасувајќи ги од сиромаштија и војна

За време на тешките години од Втората светска војна, беше откриено благородништвото и самопожртвуваноста на семејството Даревски. На крајот на војната, тие посвоија 35 сирачиња, деца на Руси, Украинци, Узбекистанци, Евреи, Германци ...
Мајка Херој е титула дадена во Советскиот Сојуз на
оние кои се грижат и имаат големи семејства. Меѓу наградените, но постхумно,
беше и Александра Аврамовна Деревскаја, која заедно со нејзиниот сопруг Емељан
Деревскаја посвоиле дури 48 деца и ги одгледале до зрелост.
Родена е на 6 мај 1902 година во рускиот град
Грозни во семејство на работничката класа. Таа завршила женска гимназија, а
потоа до октомври 1923 година работела во болницата во Грозни. Таму, се сретнала
со повредениот војник на Црвената армија, Емељан, со кој подоцна се омажила.
Таа немала свои биолошки деца, но најпрво
започнала да се грижи за малиот Митја, син на Емељан од првиот брак.
Александра отворила сиропиталиште во 1939 година,
во кое започнала да носи деца од сите страни, а до следната година, таа целосно
била посветена на домаќинството и одгледувањето деца. Две години подоцна, 17
деца евакуирани од Ленинград му се придружиле на семејството.
Во својата автобиографија, Александра напишала во
октомври 1947 година дека во нејзиното семејство живеат 38 деца, од кои 23
студенти.
Пред крајот на војната, таа се преселила со
семејството во Ромни во Украина, каде што починала во 1959 година.
На нејзиниот надгробен споменик пишува: „Вие сте
нашата совест, мајко“ и тоа под 48 потписи.
Бројни улици сега се именувани по Александра, а
има и статуи со нејзината слика во Украина. Исто така, во Ромни,
сиропиталиштето беше претворено во училиште каде што сега се едуцираат деца од
сиромашни семејства. Документарниот филм „Романска Мадона“ за нејзиното
херојство ја освои главната награда на фестивалот во Лајпциг.
Ќерка ми лежеше неподвижна 51 ден: Лидија Таковска за борбата со болеста на ќерката Марија