Хотели, вили, апартмани, станови: Еве кај кои над 4.000 локации ќе се користат ваучерите за туризам

Не само хотелите, туку и сите што поседуваат вили, апартмани, како и станоиздавачите, ќе имаат шанса граѓаните кај нив да ги искористат ваучерите за туризам кои ги добија од државата. Но, услов за тоа ќе биде овие сместувачки капацитети да се регистрираат и да се категоризираат на Платформата на Министерството за економија, доколку сакаат корисниците кај нив да ги трошат туристичките ваучери.
Сите хотелиери, но и газдите на другите сметстувачки капацитетите, како што се вилите, апартманите и станоиздавачите, оваа процедура ќе треба да ја завршат до 30 јуни годинава, што значи дека им преостануваат уште околу две недели. Иако нема многу време, власта ветува дека брзо ќе се работи за да се стигне да се завршат категоризациите.
Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека на Платформата, освен листата на добитници, ќе биде објавена листа на сите даватели на туристички услуги кои ќе се регистрираат и ќе ги понудат своите сместувачки капацитети. Целиот текст за локациите на кои ќе може да се користат ваучерите за туризам, прочитајте го на Фактор.мк