Хотелите стартуваат, цените ќе одат надолу: „Ол инклузив“ тешко без шведска маса

Во време на голема загриженост како во наредниот период ќе се развива ситуацијата со ширењето на коронавирусот, долгоочекуваните протоколи за работа на хотелите се веќе донесени.
Со нив се предвидуват бројни правила, кои ќе донест големи промени во хотелското работење, кое стартува веќе од понеделник наредната недела.
Од влезот, преку рецепцијата, до забрана на шведската маса, па се до измени во собите за гостите, се големиот број услови што ќе мора да ги почитуваат хотелските работници.Хотелиерите со кои разговараше Фактор велат дека се подготвени да работат по новите протоколи, за кои праксата најдобро ќе покаже дали имаат евентуални недостатоци. Сметаат дека протоколите се малку задоцнети, односно можеле да се донесат десетина дена или една недела порано, бидејќи ситуацијата претходно беше помалку загрижувачка отколку сега.
„Пред три недели имавме 350 болни од коронавирусот во земјава, сега се над 2.500, па прашање е кога мерките требало да бидат построги“, велат дел од познавачите на хотелското работење.
Детали на ФАКТОР.МК