Храбра девојка: Младоженецот не се појави на свадбата, потегот на невестата ги изненади сите (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Храбра невеста.

Британката Кајли Стид (27) била „извисена“ од вереникот на денот на нејзината венчавка. Невестата била известена од неговиот татко дека младоженецот нема да се појави, а таа наместо да ја откаже венчавката, продолжила со прославата во хотелот и покрај тоа што не ѝ било лесно.

Наместо да замине или да одржи драматичен говор, Кајли сепак одлучила да ја прослави венчавката, а идејата ѝ ја дал снимател кој ѝ препорачал максимално да ужива во денот, на крајот на краиштата платила речиси 13.000 евра за тоа, а парите нема да ѝ бидат вратени.

Кајли плачела десет минути, а потоа решила да влезе во салата.

„Гостите ме гледаа, владееше тишина, никој не знаеше што да прави. Повеќето од неговите гости дотогаш веќе беа заминати, но на крајот сите се опуштија и се забавуваа“, рече невестата.

На нејзиниот голем ден, таа ја започнала забавата пеејќи ја песната „Good as Hell“ со нејзините гости, уништувајќи го горниот дел од нејзината свадбена торта и играјќи го својот прв танц со нејзините куми, нејзините браќа, Крег, Метју, Гери и таткото Брајан.

ВИДЕО:


Говорејќи на This Morning, таа рече: „Посакувам да имаше знаци дека нешто не е во ред, бидејќи тогаш ќе имав причина да ја поддржам неговата одлука, но немаше знаци. Четири години бевме заедно. Ниту една врска не е совршена, но искрено мислев дека и двајцата сме созадедни еден за друг“.

Нејзината приказна стана вирална, па ТВ куќите ја поканија во разни емисии, пренесува магазинот Феникс.

извор:zadovoljnja.nova