Актуелно // Insta вести
Иџе ја прослави куќната слава: „За многу години Св. Никола“ - Полна посна трпеза за гостите
- 20 Декември, 2024 09:45
Една од куќните слави која најмногу се празнува во нашата
земја е Свети Никола. Секое второ семејство го празнува овој светец кој често
претставува и синоним за Дедо Мраз.
Македонскиот успешен автомобилист Игор Иџе Стефановски е еден меѓу познатите кој Свети Никола ја има за куќна слава.
Иџе објави фотографија на Инстаграм заедно со сопругата Емилија, како пред полна посна трпеза, како добри домаќини ги чекаат гостите.
„За многу години Св. Никола“, напиша Иџе.
Фото: Инстаграм
РЖМ