Има 15 деца, а куќата ѝ сјае: Оваа храбра мајка открива како успева да направи ред
Оваа жена е херој на денешницата, бидејќи има и биолошки и посвоени деца, и сите се восхитуваат на уредноста на нејзината куќа...
За секоја жена и домаќинка која има семејство, еден од најголемите предизвици е како да си ја среди куќата, дури и ако има само едно или две деца кои се постојано во акција.
Кели, мајка која воспитува 15 деца, сподели на ТикТок како успева да го одржува домот уреден и чист, така што сите работи се на свое место.
Многу луѓе на социјалните мрежи се прашуваат како Кели успева во овој потфат, а таа ги изненади сите кога покажа каде и како спијат нејзините деца.
Во видеото што го сподели, таа објасни дека луѓето често и поставуваат прашања за тоа каде спијат толку многу нејзини деца.
Кели откри дека децата делат соба со браќа и сестри кои се најчесто со слична возраст, а во повеќето спални соби спијат две или три деца.
Само осумгодишната ќерка Келина има своја соба, бидејќи таа е единственото дете на таа возраст. Кели исто така откри дека таа и нејзиниот сопруг ја делат својата соба со четиримесечно бебе.
Кели има и неколку посвоени деца, но таа одби да им открие на своите следбеници на социјалните мрежи кои се нејзините биолошки а кои посвоени деца.
@momtomany15 ##daddysgirl ##daddydaughterdance ##shesmygirl ##elvieshane
♬ My Boy (My Girl Version) - Elvie Shane
- Во ред е да прашате, но јас и мојот сопруг не сакаме да го споделиме тоа и со тоа да ги обележуваме децата што ги посвоивме. Сите овие се наши деца - категорична беше Кели.
Многумина беа воодушевени од ваквиот нејзин став и изразија почит кон нејзиното родителство, а особено за нејзината способност да ја одржува куќата чиста и уредна со многу деца.
- Зачуден сум што имате толку многу момчиња во собата, и сѐ е чисто и средено - напишала една од нејзините следбеници.
Друг корисни пак додаде:
- Вашата куќа е беспрекорно чиста со толку многу деца. Изгледа како да е од списание.
Кели рече дека не е секогаш така и објасни дека нејзините деца понекогаш имаат лош ден, па ги фрлаат работите зад креветот, но со добра организација и поделба на работата, сѐ е постигнато и брзо ставено во ред.
Извор: Telegraf