Има неверојатна моќ: Слепа жена открива рак и е подобра од доктори во тоа

Добивај вести на Viber

Како дете, Франсиа Папамија го изгубила видот поради одвојување на мрежницата. Денес нејзиниот свет е во целосен мрак, пишува британски Гардијан. Единствената светла точка во нејзиниот живот е нејзината работа на клиниката во Колумбија, а работата и е многу важна. Имено, тоа им помага на лекарите во раното откривање на ракот.

Папамија е медицински контролер на допир (МТЕ) што е специјално занимање во Колумбија за жени со пречки во видот кои имаат зголемена чувствителност на врвовите на прстите.

Според гинекологот Френк Хофман, основач на програмата „Discovering Hands“ за подобрување на рано откривање на карцином, жените со проблеми со видот можат да откријат 30% повеќе промени во ткивата отколку лекарите. Можеби уште поважно, овие промени се до 50% помали отколку кога ги откриваат лекарите.

Таа испитува по десетина жени на ден и верува дека полесно и е да создаде релаксирана атмосфера со пациентите „затоа што тие се помалку нервозни и полесно се отвораат за чувствителни работи“. Со врвовите на прстите ги испитува женските гради, пазуви и вратови. Сето тоа трае 45 минути, па таа наведува пет лепливи ленти обележани со брајово писмо за да може да ги извести лекарите за точната локација на секоја грутка што ќе ја допре.

Ако почувствува грутка, ќе закаже состанок само со лекар кој ќе постави дијагноза. Папамија во моментов е само една од трите жени кои работат како МТЕ на неколку клиники во североисточниот град Кали. Нивната обука трае девет месеци, а досега тие се единствените такви експерти во земјава. Дека има можности за напредок покажува и фактот дека Мексико неодамна започна сличен проект.

„Имаат неверојатен дар во прстите. Ако тие се соодветно обучени, нивниот проблем може да стане талент, сила, можеме да го насочиме на помагање на други луѓе “, тврди координаторот на проектот Луис Алберто Олаве.

„Нодулите се првите симптоми на рак. Колку побрзо ги најдеме, толку побрзо можеме да влијаеме на болеста и тоа на крајот може да доведе до спасување животи“, рече тој.


Фото:  PRINTSCREEN/Youtube

Можеби ќе ве интересира:

Бев мртва 30 минути, лебдев над моето тело: Лекарка раскажува како ја преживеала смртта