Имаше моменти кога сакав да го турнам Барак низ прозорец: Мишел Обама искрена за проблемите во бракот

Добивај вести на Viber

Поранешната прва дама на САД, во најновата епизода од својот подкаст вели дека брачниот партнер се избира како што се бира кошаркарски тим.

Мишел Обама (56), ја отвори душата пред комичарот Конан Обрајан, откривајќи најинтимни детали од бракот со Барак Обама.

Морате да сте свесни дека ќе има моменти, па и долги периоди кога меѓусебно нема да се поднесувате, вели Мишел и продолжи:

- Имаше моменти кога сакав да го турнам Барак низ прозорец. И тоа го велам, затоа што морате да знаете дека ќе има моменти во кој ќе имате многу силни емоции. Но, тоа не значи дека треба да се откажете. А тие периоди некогаш можат да траат многу долго, па дури и неколку години.

Таа вели дека денес паровите, особено оние со мали деца, се борат со исцрпеност, стрес и поделба на одговорностите и лесно се откажуваат од својата врска.
Поради оваа причина, бидејќи луѓето не зборуваат за овие тешки периоди, младите парови раскинуваат штом се соочат со тешкотии, мислејќи дека не можат да се надминат пречките.

"Она што сакам да го кажам е дека ако таквите работи ги расипуваат браковите, тогаш нашиот брак е малку расипан, малку не е, и така цело време. И ако се откажав, и заминав во тие тешки моменти, тогаш би ја пропуштила сета таа убавина“, вели Мишел.

Мишел искрено проговори и за тоа како после проблемите со стерилитетот и се родиле ќерките Саша (19) и Малија Ен (22), но исто така откри и дека децата ја менуваат динамиката на бракот.

– Не би ги менувала своите ќерки за било што, но децата толку многу можат да го променат бракот, раскажа таа искрено и додаде:

– Морав постојано да бидам присутна, а мојот маж си го водеше својот живот. И потоа доаѓаш до моментот на замерки, па сам се запрашуваш што се случило со брачната заедница, што се случило со мојот најдобар пријател? А тој во тоа време е во теретана. Па како си во теретана, а јас седам дома со листови зелка на градите?

Aко луѓето избираат партнери како во кошаркарските тимови, браковите ќе траат повеќе, верува Мишел.

- Ако го гледате кошаркарскиот тим, тоа се луѓе кои сакате да успеат, сакате сите во вашиот тим да бидат моќни. Ако на бракот гледаме како на тим тогаш сакате вашиот партнер да биде победник, го сакате вашиот Леброн Џејмс – вели Мишел.

Да се потсетиме, Мишел и Барак Обама се запознале во 1989 година, а во октомври ќе прослават 28 годишна од бракот.

извор: stil.kurir.rs|
фотографии: Profimedia