Инаугурација полна со симболики: Зошто најмоќните жени на САД ја одбраа виолетовата боја?
Камала Харис, Хилари
Клинтон и Мишел Обама избраа виолетова боја
Во чест на инаугурацијата на Џо Бајден во САД, три од највлијателните жени во земјата избраа да носат иста, многу значајна боја: виолетова. Потпретседателката Камала Харис, поранешната прва дама Мишел Обама и поранешната прва дама и државен секретар Хилари Клинтон носеа облека со виолетова боја која е важна за историјата на Соединетите Американски Држави.
Дури и сенаторката Елизабет Ворен избрала виолетова марама!
Но, зошто виолетовата е толку значајна? За едни, тоа претставува двопартичност: буквална мешавина од црвената боја, за Републиканците и сината боја, за Демократската партија. Ова би можело да се протолкува како симбол на гледиштето на Харис, како што започнува ова следно нејзино поглавје од животот, а можеби и нејзината желба да ги обедини обете страни.

Второ, тоа е боја на движењето suffragette (суфраже). "Виолетовата е боја на лојалност, постојаност до целта, непоколеблива цврстина кон некоја кауза. Белата боја, амблемот на чистота, го симболизира квалитетот на нашата цел; а златото, бојата на светлината и животот е како факел што ја води нашата цел, чиста и непоколеблива “, се вели во редот во билтенот на Националната женска партија во САД.
Харис избра да носи бело во ноември кога го одржа говорот за победата, откако изборите беа официјално распишани за Бајден-Харис, па се чини дека е сосема соодветно што таа во оваа пригода носеше виолетова боја.

Харис, првата црна, јужноазиска жена која положи заклетва за потпретседател на САД, избра аутфит дизајниран во виолетова боја од Кристофер Џон Роџерс и Серхио Хадсон - двајца црни, американски дизајнери - плус бисери кои се потпис на нејзиното Alpha Kappa Alpha сестринством преку кои ги инспирираа девојките и жените низ целата земја да стават свои бисери во знак на солидарност и прослава.
Хилари Клинтон, исто така, одбра аутфит во виолетова боја за нејзиниот незаборавен говор за концесија уште во 2016 година (дизајниран од Ралф Лорен, кој го дизајнираше и костимот што го носеше на вчерашната инаугурација), испраќајќи им моќна порака додека разговараше со милиони разочарани жени кои облекоа панталони за да гласаат за неа, надевајќи се дека ќе ја изберат за првата жена во Белата куќа.
Можеби ќе ве интересира:
(ФОТО) Боја што симболизира доверба и стабилност: Модниот избор на Џил Бајден на инаугуриацијата