Итно хоспитализиран сопругот на Кортни Кардашијан: Тревис објави загрижувачка порака, ќерка му повика сите да се молат за него

Добивај вести на Viber

фото:instagram

Тревис објави загрижувачка порака.

Тапанарот на бендот Blink-182, и од неодамна сопруг на Кортни Кардашијан, Тревис Баркер од засега непознати причини е хоспитализиран во Лос Анџелес, јавуваат странските медиуми.

Баркер (46), придружуван од неговата сопруга Кортни Кардашијан, се појавил во болницата Вест Хилс, а потоа бил пренесен со брза помош во медицинскиот центар Седарс-Синај. Кортни цело време била со брзата помош, пренесува TMZ.

Се уште не се знае зошто тапанарот завршил во болница, а неговите обожаватели ги загрижи неговата последна објава на Твитер, во која тој само кратко, без дополнителен контекст напиша: „Господе, спаси ме.“ 

„Господи, спаси ме“ е исто така и насловот на песната од неодамна објавениот албум со Машин Ган Кели, кој го продуцираше Баркер. Песната на која Баркер е коавтор, делумно е за зависност од дрога, закрепнување, ментална нерамнотежа и слава.

16-годишната ќерка на Баркер, Алабама Луела Баркер, исто така се огласи на Инстаграм, и повика сите да се молат за татко ѝ.

Да потсетиме, тапанарот беше хоспитализиран во 2018 година поради згрутчување на крвта во рацете. Тој, исто така, страдаше од целулитис, бактериска инфекција која може да предизвика оток, воспаление и болка. Во 2008 година учествуваше во авионска несреќа по која се здоби со изгореници од трет степен на поголемиот дел од телото, во која загинаа шест лица. 

Инаку Баркер и Кортни се венчаа минатиот месец во Портофино, Италија, а нивната венчавка беше прикажана во семејното реално шоу „The Kardashians“.


извор:kurir.rs

Поврзани вести:

Изгледаат како шефици на мафијата: Сестрите Кардашијан-Џенер во ексцентрични изданија за свадбата на Кортни и Тревис

Рече и трет пат „ДА“: Кортни Кардашијан на церемонијата во Портофино изненади во венчаница со верски мотив (ФОТО)

Во 2 часот по полноќ, по епска ноќ и малку текила: Кортни и Тревис споделија фотки од „лудата“ венчавка