Изгорениците од сонце исчезнуваат преку ноќ! Домашен рецепт за мелем кој брзо ги ублажува болката и црвенилото
Природен мелем што може да го направите сами, брзо ги ублажува изгорениците...
Кога случајно ќе се изгорите на сонце, овој рецепт е како природен мелем за изгореници. Направен е со состојки од кујната и навистина брзо ги ублажува црвенилото и болката, а кожата не се лупи.
Еве 2 рецепти, па изберете го оној за кој ги имате состојките во фрижидер:
Мелем од краставица
Ситно исечкајте ја краставицата или изблендирајте ја во блендер и измешајте ја со млеко. Нанесете ја оваа смеса на сите места на телото каде што кожата е црвена. Овој природен лек од кујната ја омекнува кожата, го намалува чешањето, црвенилото и воспалението. Многу е ефикасен, бидејќи го подобрува општото здравје на кожата и има ефект на ладење.
Лосион од домати
Сокот од домати измешан со кисело млеко брзо ја обновува кожата, бидејќи го забрзува нејзиното регенерирање, па затоа е многу ефикасен за изгореници од сонце. Нанесете ја смесата на кожата, држете ја половина час, а потоа исплакнете ја со ладна вода. Повторете го овој процес двапати во текот на ноќта или денот, за да можете брзо да се опоравите и повторно да можете да одите на плажа.
Фото: Freepik.comИзвор: Najzena.alo.rs