Јас не ѝ помагам на жена ми во домашните обврски-имам добра причина за тоа!

Добивај вести на Viber

Прочитај ја приказната до крај а потоа суди ми

Пред да почнете да фрлате со стапови и камења по мене, дозволете ми да објаснам зошто не ѝ помагам на жена ми во домашните работи. Еден ден еден пријател дојде да ме посети. Пиевме кафе и ракија, а потоа станав и реков дека треба да ги измијам садовите.

Мојот пријател ме погледна како да не сум нормален. Со мешавина од восхит и збунетост, тој рече: „Убаво е што ѝ помагаш на жена ти. Јас не ѝ помагам на мојата затоа што таа никогаш не рече благодарам за сите работи со кои ѝ помогнав. Минатата недела ја исчистив куќата со правосмукалка и таа ниту еднаш не ми рече „благодарам“.

Седнав до него и го погледнав право во очи: „Не ѝ помагам на жена ми“, реков сериозно: „На жена ми не и треба помошничка, и треба партнер“. Јас сум нејзин партнер и работата ја делиме дома како партнери. Тоа што јас ја работам работата не значи дека и пружам „помош“.

Не ѝ помагам на жена ми да ја исчисти куќата бидејќи и јас живеам во таа куќа и морам да ја чистам. Не ѝ помагам на жена ми кога готвам ручек, бидејќи ѝ јас гладувам и морам да јадам. Не ѝ помагам на жена ми да ги мие садовите, затоа што сам ги користев тие садови.

Не ѝ помагам на сопругата околу децата, бидејќи и тие се мои деца и моја должност е да се грижам за нив, бидејќи јас сум нивен татко. Јас не ѝ помагам на жена ми да ги намести алиштата, да ги пере, пегла, бидејќи тоа е моја облека и облека на моите деца. Јас не сум помошник во оваа куќа, јас живеам во неа. А што се однесува до пофалбите: кога последен пат ти и кажав „благодарам“ на сопругата за готвење, чистење, перење, грижа за децата секој ден?“

Пријателот ме погледна прилично збунето. Изгледаше како да не разбира ниту еден збор што му го кажав. Мој совет до мажите е да ги остават на страна „мачо глупостите“ и да бидат рамноправни партнери на своите сопруги. Не дозволувајте да бидете гостин во вашиот дом, во животот на вашите деца. Земете еднаков дел: во добро, но и во лошо!



Извор: sensa