„Другарството е важно, без другари е тажно“: Пријателски парови кои ги споила љубовта кон партијата

Во светот на политиката, каде што идеологиите и ставовите често ги раздвижуваат луѓето, постојат и исклучоци – пријателства што се градат врз заедничка борба, партиска лојалност и искрена почит.
Неколку македонски политички тандеми денес сведочат дека љубовта кон партијата може да биде темел и на силни пријателства.
Сања Лукаревска, пратеничка од СДСМ, и Горан Герасимовски, градоначалник на Центар, важат за складен политички и пријателски тандем. Нивното другарство го негуваат и јавно, објавувајќи фотографии под едноставни, но силни пораки – „Другарство“.
Од редовите на „Левица“, пријателската врска меѓу пратениците Јована Мојсоска и Амар Мециновиќ исто така привлекува внимание. Тие отворено се поддржуваат, а Мојсоска неодамна го нарече Мециновиќ „другарот Мециновиќ“ на објава од Собранието.
Во ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски и министерот Владо Мисијаловски се пример за трајно пријателство. „Другарството е важно“, напиша Стојкоски под нивна заедничка фотографија.
Овие пријателства се потсетник дека политиката не мора секогаш да носи поделби – понекогаш создава и вистински човечки врски.
Р.Ж.М / М.С.К