„Гледам како жена ми се пораѓа и сфаќам дека конечно знае како ми е мене кога сум настинат“: Коментар на Хрват кој ги разбесни жените од регионот

Добивај вести на Viber

Хрватската ријалити ѕвезда Мио Матиќ, неодамна стана татко и со својот препознатлив хумор го прослави моментот на социјалните мрежи. 

Објави видео од сопругата Аријана Пикњач Матиќ во болница, со шеговит опис: „Гледам како жена ми раѓа и сфаќам дека конечно разбира како е мене кога имам настинка“.

View this post on Instagram

A post shared by Mijo Matic (@mijomatic)


Иако видеото наиде на поделени реакции, Матиќ се огласи по лавината коментари:

„Моите родители се од село, работничка класа. Не сум ниту славен, ниту влијателен. Со 27 години се најдов на телевизија, денес со 33 – имам семејство и тоа ми е највредното. Видеото беше шега, спомен, но за 24 часа доби преку 500.000 прегледи и куп неосновани критики“, напиша тој.


Извор: RTL.HR