Ова е твојот нов омилен десерт: РАФАЕЛО ТИРАМИСУ - Кафе и кокос во совршен танц на вкусови

Добивај вести на Viber

Десерт со совршен вкус, ќе земете парче повеќе.

Потребни состојки:

*4 кутии индивидуални пишкоти

*500 г маскарпоне сирење

*250 мл млечна слатка павлака (може да биде и растителна)

*1 лажичка инстант кафе

*250 мл млеко

*кокосови бомбици

*150 г кокос

Подготовка:

Измешајте го топлото млеко со кафето. Одделно изматете ја слатката павлака. Додадете го изматеното маскарпоне сирење и нежно измешајте, потоа додадете го кокосот. Добро измешајте, потоа наредете ги колачињата потопени во кафе во калапот, истурете го филот, пишкотите и така натаму додека не ги искористите сите состојки. Последниот ред треба да биде филот. Декорирајте го тирамисуто со топчиња од кокос и наросете со кокос.