Како да ја намалите сметката за струја? Еминентен професор ги откри најдобрите трикови за заштеда - секој го може ова!

Фото: Printscreen
Професорот објасни како да ја намалите сметката за струја!
Секој месец добиваме фактури на кои се пресметуваат неколку ставки, кои ги плаќаме. Професорот по термодинамика Милош Бањац од Машинскиот факултет во Белград, за Радио Белград 1, вели дека не можеме да влијаеме на делот кој се однесува на пресметковната моќ и трошокот на гарантираниот добавувач, бидејќи тоа е европска практика, но можеме да влијаеме на потрошена електрична енергија, што претставува голем процент од износот на сметката.
Ако до сега не знаевме, зимава ќе научиме колку струја троши еден домашен апарат - ако сакаме да ги намалиме сметките за струја. Милош Бањац посочува дека сите веќе знаеме дека има евтина и скапа струја, и ако добро се организираме и правилно ги користиме апаратите за домаќинство, можеме да спаднеме во долната група, каде што цената на киловат е поевтина.
Најмногу троши бојлерот
„Секогаш имате два пристапа за тоа како да ги користите апаратите за домаќинство. Едниот е да купувате што е можно поефикасни апарати, а другиот да ги користите правилно. Бојлерот е најголемиот потрошувач во домаќинството, кој користи околу 24 отсто од потрошената струја“, истакнува професорот. Што се однесува до ефикасноста, вели дека немаме голем избор кога се во прашање бојлерите, но дека можеме да заштедиме пари кога станува збор за нивната употреба.
Така, советува, во текот на летните месеци би било погодно да ја намалиме температурата на која ја загреваме водата, бидејќи нема потреба од прегревање на водата, па да ја ладиме. Најдобро според него е бојлерот да го вклучите навечер и да го исклучите наутро.
„Иако повеќето луѓе не сакаат да го слушаат ова, но подобро е да се туширате, отколку да се бањате во када. Размислете, тоа се вашите трошоци, колку помалку вода користите, ќе имате помали сметки“, препорачува Бањац.
Како да се заштеди на шпоретот?
Тој наведува и дека шпоретот троши меѓу 15 и 17 отсто струја во просечно домаќинство. Има цела низа мерки, од наједноставните, е покривање на тавата, користење тави со рамно дно и добра топлинска спроводливост, како и големина на ринглата што одговара на дното на садот.